Топ Вести - Слушај сега
Американскиот државен секретар Марко Рубио води тајни разговори со Раул Гилермо Родригез Кастро, внукот и старателот на остарениот поранешен кубански претседател Раул Кастро, додека САД вршат притисок врз режимот во Хавана со санкции и блокада за увоз на нафта, изјавија три извори запознаени со разговорите.
– Не би го нарекол ова ’преговори’ туку повеќе ’дискусии’ за иднината – изјави за Аксиос висок функционер од администрацијата на Трамп.
Фактот дека разговорите меѓу Рубио и внукот на Кастро ги заобиколуваат официјалните канали на кубанската Влада покажува дека администрацијата на Трамп го гледа 94-годишниот револуционер како вистинскиот носител на одлуки на комунистичкиот остров.
– Нашиот став, ставот на американската Влада, е дека режимот мора да си оди – рече изворот.
Извор запознаен со разговорите, исто така, рече дека како точно ќе изгледа заминувањето на кубанскиот режим зависи од американскиот претседател Доналд Трамп и дека тој „сè уште не одлучил“ за тоа и дека „Рубио сè уште е во преговори со внукот“.
Изворот, исто така, рече дека советниците на Трамп, покрај помладиот Кастро, разговарале и со други влијателни Кубанци, но дека тој се смета за најважната личност на островот со кого треба да се негуваат врските.
Еден извор рече за внукот на Кастро дека „тој е зеницата на окото на неговиот дедо“, додека ги опиша неговите разговори со Рубио како „изненадувачки“ пријателски.
Се проценува дека ако се постигне договор со САД, некои членови на семејството Кастро, вклучувајќи го и Раул Кастро, можеби нема да бидат принудени на егзил.
Досега, Рубио не разговарал со официјалниот лидер на Куба, претседателот Мигел Дијаз-Канел Бермудез, ниту со други високи функционери, бидејќи САД ги перцепираат како „апаратчици“ на Комунистичката партија кои не се во можност да предвидат и да преговараат за промени во Куба, изјави друг извор запознаен со размислувањето на тимот на Трамп.
Запрашан за разговорите меѓу помладиот Кастро и Рубио, кубанската Влада му соопшти на Аксиос дека „нема дијалог на високо ниво меѓу Владата на САД и Куба“.
„Нема ниту дијалог на средно ниво. Имаше размена на пораки. Она што постои се вообичаените разговори што се водеа во подолг временски период, или дури и помалку од тоа. До пред една година, имавме редовни дијалози на ниво на високи функционери со Стејт департментот. Денес, ова повеќе не постои“, се наведува во соопштението.
Стејт департментот не оспорува дека Рубио разговарал со внукот на Кастро, но портпаролот одби да разговара за таа тема или да даде коментира.
Американскиот претседател во понеделникот потврди дека има разговори со Куба.
– Куба е пропадната нација во моментов и тие дури немаат ни авионско гориво за летање. Во моментов разговараме со Куба… и тие апсолутно треба да постигнат договор – им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион.
Еден од изворите рече дека Трамп во моментов посветува повеќе внимание на решавањето на војните во Иран и Украина отколку на решавањето на проблемот со Куба, каде што Рубио сè уште разработува опции.
Tagged as:
Рубио во тајни преговори со внукот на Кастро
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
