Background

РУБИО ПОБАРАЛ ОД ЛАВРОВ ДА СОПРАТ УБИВАЊАТА

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се сретнаа денеска, еден ден откако претседателот Доналд Трамп ја нарече Москва „хартиен тигар“ и изјави дека Украина може да ја врати својата окупирана територија.

Рубио и Лавров, заедно со своите делегации, се сретнаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. На состанокот присуствуваше и амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Валц.

Средбата траела околу 50 минути. Лавров не одговорил на новинарските прашања додека си заминувал, вклучувајќи ги и оние за тоа дали е загрижен за промената на тонот од страна на Трамп и дали американскиот претседател ѝ го свртел грбот на Русија.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот објави кратка изјава по состанокот, наведувајќи само дека Рубио „го повтори повикот на претседателот Трамп да се запре убивањето и потребата Москва да преземе значајни чекори кон трајно решавање на војната меѓу Русија и Украина“.

Со месеци, Трамп велеше дека Киев најверојатно ќе треба да отстапи територија на Русија за да се стави крај на војната. Но, Трамп вчера ја смени реториката по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски .

„Откако ја запознав и целосно ја разбрав воената и економската ситуација меѓу Украина и Русија, и откако ја видов економската неволја што ѝ ја предизвикува на Русија, мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја ОСВОИ цела Украина назад во нејзината првобитна форма“, напиша Трамп.

„Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, првобитните граници од каде што започна оваа војна се многу реална опција. Зошто да не?“, додава Трамп во својата објава на социјалните мрежи.

Шефот на САД, исто така, сугерираше дека Русија е „хартиен тигар“, додека ја критикуваше нејзината војска.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека верува оти Трамп е свесен за „повеќе детали“ и дека американските разузнавачки служби сега се повеќе усогласени со ставот на Украина. Исто така, останува да се види дали промената на реториката на Трамп ќе доведе до промена на политиката.

Русија брзо возврати дека е „мечка“, а не „хартиен тигар“, и дека Трамп згрешил.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Трамп „ја слушнал верзијата на настаните на Зеленски. Очигледно, таа верзија е причината за оценката што ја слушнавме. Не можеме да се согласиме со сè овде“.

– Ќе имаме можност да ја пренесеме нашата оценка за неодамнешните настани на американската страна. Особено, (рускиот министер за надворешни работи Сергеј) Лавров ќе има состанок – додаде Песков.

Рубио, на вчерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина, предупреди дека ќе „дојде момент кога ќе мораме да заклучиме дека можеби нема интерес за мирно решавање“ од Русија и дека „трпението на Трамп не е бесконечно“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation