Background

Рубио открива зошто САД интервенираа

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

– САД не се во војна со Венецуела, туку со наркотрговците. Не ни е потребна венецуелската нафта, но нема да дозволиме глобалните ривали и противници на Америка да ги преземат ресурсите на Венецуела – изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Ен Би Си, коментирајќи ја американската интервенција и апсењето на претседателот Николас Мадуро.

- Advertisement -
Ad image

Според Рубио, случувањата во Венецуела не претставуваат војна, туку спроведување на американските закони и санкции.

– Тоа што се случува не е војна. Ние сме во војна со организации за трговија со дрога, но не и со Венецуела. Ги спроведуваме американските санкции за нафта, санкциониравме одредени субјекти, одиме на суд, добиваме налози и запленуваме танкери со нафта. Тоа ќе продолжи – рече Рубио.

Тој потврди дека во моментов нема американски сили на терен во Венецуела, додавајќи дека американските војници биле на венецуелска територија околу два часа, во рамки на чувствителната операција за апсење на Мадуро.

Рубио не одговори директно на прашањето кој моментално ја води Венецуела, но нагласи дека Вашингтон очекува значајни промени во земјата.

– Клучно е што очекуваме промени во Венецуела, и краткорочни и долгорочни. Сакаме Венецуела да се движи во одредена насока, затоа што веруваме дека тоа е добро за венецуелскиот народ, но и во националниот интерес на САД – истакна американскиот државен секретар.

Тие промени, како што појасни, вклучуваат прекин на трговијата со дрога, запирање на присуството на Иран и Хезболах во земјата, како и ставање крај на користењето на венецуелската нафтена индустрија „за збогатување на американските противници“.

– Нафтената индустрија треба да работи во корист на Венецуела и САД, а не во корист на нашите противници ширум светот – додаде Рубио.

Во врска со тоа зошто САД не соработуваат со лидерка на опозицијата Марија Корина Мачадо во процесот на транзиција, Рубио истакна дека администрацијата се соочува со „непосредната реалност“ во земјата.

– За жал, огромното мнозинство од опозицијата веќе не е присутно во Венецуела. Имаме краткорочни проблеми што мора итно да се решат. Во моментов зборуваме за тоа што ќе се случи во следните две до три недели и во наредните два до три месеци – нагласи тој.

Рубио не сакаше да прецизира кога би можеле да се одржат избори во Венецуела.

– Прерано е да се зборува за тоа. Сè уште има многу работа. Во моментов сме фокусирани на проблемите што постоеја додека Мадуро беше на власт – рече државниот секретар.

Тој потврди дека Конгресот на САД не бил однапред известен за операцијата, но дека тоа, според него, не било потребно, бидејќи не станувало збор за објавување војна.

– Апсењето на Николас Мадуро не е воена акција за која е потребно одобрение од Конгресот. Ова беше спроведување на законот, апсење на наводен член на нарко-картел – појасни Рубио.

Операцијата ја опиша како „исклучително чувствителна“, при што било неопходно сите околности да се совпаднат во вистинскиот момент.

– Немаше простор за грешка или протекување информации – истакна тој.

Рубио повторно негираше дека интервенцијата е мотивирана од венецуелската нафта, но нагласи дека САД нема да дозволат таа да биде ставена под контрола на глобалните ривали.

– Не ни е потребна венецуелската нафта, имаме доволно сопствени ресурси. Но нема да дозволиме нафтената индустрија да биде контролирана од Кина, Русија или Иран. Нема да дозволиме Западната хемисфера да стане база за операции на нашите противници. Сакаме приходите од нафтата да им користат на граѓаните на Венецуела – заклучи Рубио.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation