Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио ќе учествува во разговорите за војната во Украина оваа недела во Турција, изразувајќи оптимизам за исходот.
– Разговорите се одржуваат во Турција подоцна оваа недела, веројатно в четврток и тие би можеле да дадат доста добри резултати – рече Трамп во говорот во Ријад.
Тој додаде: „Марко Рубио ќе биде присутен таму“.