Новиот премиер на редовната влада на Бугарија која беше избрана во четвртокот доаѓа од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. Росен Жељазков бил пратеник во Народното собрание во седум состави, а во 2023 година стана и претседател на бугарското Собрание.
Жељазков бил министер во повеќе ресори, секретар на Советот на министри во бугарската влада, заменик градоначалник, адвокат. Бил пратеник во Народното собрание во седум состави, а во 2023 година стана и претседател на собранието.
Бугарија конечно доби редовна влада по седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади.
Човекот што ќе ја води новата четирипартитна влада составена од коалицијата ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левичарска партија и Има таков народ дипломирал правни науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија.
Во 1994 година станал правен консултант во областа „Средец“ во Општина Софија, каде работел како виш правен консултант, секретар и заменик градоначалник.
Од 1995 година почнува да работи како адвокат по граѓанско и трговско право.
Во периодот од 1998 до 1999 година е заменик градоначалник за „Законитост и контрола“ на квартот „Лозенец“, Општина Софија.
Во периодот од 2003 до 2009 година е секретар на Општина Софија.
Од 2009 до 2013 година е главен секретар на Советот на министри (бугарската Влада).
Од 2011 до 2013 година е претседател на Управниот одбор на Институтот за јавна администрација и претставник на Бугарија во Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) во Мастрихт, Холандија.
Од 2014 до 2016 година бил министер за јавна администрација и е-управување.
Во 2018 година станал министер за транспорт, информатички технологии и врски.
Росен (Димитров) Жељазков е роден во Софија на 5. април 1968 година.