Фудбалскиот свет постојано бара наследници на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а се чини дека еден млад играч од Барселона веќе пишува историја – и тоа побрзо од најголемите.
Ламине Јамал, бисерот на Ла Масија и шпанската репрезентација, со само 17 години, има бројки кои изгледаат речиси нереални. Во споредба со Роналдо и Меси на иста возраст, разликата е зачудувачка:
Кристијано Роналдо на 17 години: 19 настапи, 5 гола, 4 асистенции
Лионел Меси на 17 години: 9 настапи, 1 гол, 0 асистенции
Ламин Јамал на 17 години: 100 настапи, 22 гола, 33 асистенции
Она што Ламин веќе го прави на теренот е навистина неверојатно. Не само што достигна троцифрен број на настапи, туку директно учествуваше и во дури 55 голови, сите во сениорскиот фудбал.
Неговата смиреност, техничка супериорност и визија за играта потсетуваат на врвните верзии на двајцата великани. Сепак, Јамал не се обидува да биде „новиот Меси“ или „новиот Роналдо“ – тој ја пишува својата приказна.
Како да не доаѓа од оваа планета – Ламин доаѓа од друг свет.