Background

Ристески кажа што го предизвика падот на цените на јајцата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари.

- Advertisement -
Ad image

Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денеска и на повеќето продажни места.

– Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. Имаме податоци од Државниот пазарен инспекторат дека по Нова Година има намалување на цената на јајцата во малопродажбата. Тоа главно се должи на стабилизацијата на цените за храна во живинарските фарми, а и надминат е проблемот со птичји грип во Европа. Тоа една од основните причини за намалувањето на цената на јајцата. Очекуваме во наредниот период да се стабилизира цената на јајцата  во маркетите и во продавниците и тоа би траело до Велигденските празници кога, традиционално, се зголемува побарувачката. Ние сме пазарна економија, односно понудата и побарувачката ја регулираат цената и на јајцата – изјави Ристески.

Во ноември имаше ценовен скок поради недостигот од јајца во околните земји и во Европа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation