На 18 ноември околу 13:30 часот, полициски службеници на Граничниот премин Ќафасан го лишиле од слобода 59-годишниот Р.К. од Албанија. При контрола на неговото возило „нисан“ со албански регистарски таблички, пронајдени биле 332 парчиња риба-белвица.
Р.К. бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Рибокрадец од Албанија фатен на Ќафасан


























