Сина ајкула беше снимена на 8 до 10 километри од летувалиштето Петровец во Црна Гора. Според напишаното на снимката на страницата „Podgorica Time Machine“ на Инстаграм, се работи за улов на рибари кои потоа ја пуштиле рибата.
Во објавата се вели дека под нормални услови нема причина за грижа, но секогаш е добро да се биде внимателен и да се почитува морскиот свет.
Се смета дека сината ајкула е предатор, грабливец кој ги избегнува луѓето. Таа најчесто се храни со риба, лигњи и со други морски плодови. Се приближува до брегот кога бара храна или во период на мрестење.
Бројката на напади врз луѓе од овој тип ајкула е мала и повеќето напади не биле фатални. Но, таа може да биде опасна во одредени околности.