Background

Република Чешка и Република Словенија испраќаат меѓународна помош за справување со активните пожари што беснеат во повеќе региони во државата

Република Чешка и Република Словенија испраќаат меѓународна помош за справување со активните пожари што беснеат во повеќе региони во државата. Помошта вклучува хеликоптер за гаснење пожари од Чешка и тим од 50 словенечки пожарникари со специјализирана опрема, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Предмалку добивме понуда за помош со еден голем хеликоптер од страна на Република Чешка, истата веднаш ја прифативме. Хеликоптерот утре наутро ќе полета и во текот на утрешниот ден ќе биде на скопскиот аеродром, а веднаш потоа ќе биде упатен онаму каде што ќе биде најпотребен. Исто така, во денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија, со 50 пожарникари со специјални возила за гаснење на шумски пожари, ја прифативме и оваа помош. Словенците ќе тргнат утре околу пладне, а утревечер доцна во ноќта ќе бидат пристигнати во Берово, каде што ќе бидат сместени и ќе дадат поддршка на беровските пожарникари и другите служби кои што учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Готен од беровската страна – изјави Ангелов.

Тој додаде дека вечерва во 21 часот е закажана седница на Кризниот штаб во Берово.

- Advertisement -
Ad image

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се изгаснати.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави можни врнежи од дожд во текот на вечерта и ноќта во североисточните и источните делови на државата, кои би можеле да придонесат кон стабилизирање на состојбата на терен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation