Топ Вести - Слушај сега
Австралиската ТВ репортерка Даника Мејсон стана светска вест по необичното јавување во живо од Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, каде што настапот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
За време на утринската програма, новинарката се вклучи во живо, но гледачите веднаш забележаа дека тешко зборува и делува дезориентирано. Ситуацијата дополнително ескалираше кога во еден момент таа се фрли и почна да се тркала во снегот, на изненадување и на колегите во студиото.
Во јавувањето Мејсон зборуваше неповрзано, мешајќи теми и држави.
– Цената на кафето е всушност во ред… Мора да се навикнеме на цените на кафето во Соединетите Американски Држави… Не сум сигурна за игуаните? Каде води ова? Како и да е, да преминеме на денешниот спорт… – изјави таа во живо.
Во обид да ја ублажи ситуацијата, водителот на емисијата „Денес“, Карл Стефановиќ, посочи дека екстремниот студ во Кортина можеби придонел за необичното однесување. Сепак, снимката брзо се прошири на интернет и предизвика бројни реакции од јавноста.
Подоцна, Мејсон јавно призна дека направила грешка. Таа објасни дека консумирала алкохол пред вклучувањето и дека комбинацијата од студ, голема надморска височина и фактот што не вечерала дополнително влијаеле врз нејзината состојба.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
