Топ Вести - Слушај сега
Рене Никол Гуд била застрелана три пати за време на нејзиното соочување со агентите на Службата за имиграции и царини (ICE) во Минеаполис, покажуваат резултатите од независната обдукција побарана од нејзиното семејство.
Како што објавува Индипендент, адвокатите на семејството Гуд изјавија дека извештајот заклучил дека 37-годишната жена имала три рани од куршуми, од кои едната била во главата.
Гуд била застрелана во левата подлактица и во десната града, но со нив не биле оштетени витални органи. Овие две повреди не би биле опасни по живот, рекоа адвокатите.
Меѓутоа, третиот куршум влегол во левата страна од нејзината глава, во близина на слепоочницата, и излегол од десната страна, според првата изјава до која дојде Ен-Би-Си. Во извештајот е додадено дека Гуд, исто така, имала гребнатинка од куршум.
Адвокатите рекоа дека обдукцијата ја извршил „високо почитуван“ и кредибилен независен медицински патолог и дека сè уште не ги добиле наодите од Канцеларијата на патологот на округот Хенепин.
Американската државјанка, Рене Никол Гуд, (37) на 7 јануари беше застрелана од агентот на Ај-СИ-И, Џонатан Рос, откако таа, и покрај полициските наредби, го запалила своето возило и се движела во правец на имиграциските агенти, објави тогаш Министерството за внатрешна безбедност.
Околностите околу пукањето ги истражуваат Федералното биро за истраги (ФБИ) и државното Биро за криминални апсења.
Tagged as:
РЕНЕ ГУД ДОБИЛА КУРШУМ ВО СЛЕПООЧНИЦА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
