Топ Вести - Слушај сега
Обилните врнежи од дожд на територијата на Македонија предизвикаа зголемен водостој на реките и локални поплави, при што надлежните служби интервенираат во повеќе региони. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека состојбата се следи 24 часа, а граѓаните треба да се движат внимателно, особено во ризичните подрачја.
– Состојбата со водостоите е динамична, интервенираме на терен со механизација, пумпи и опрема за обезбедување на патните правци и објектите што се загрозени. Апелираме до граѓаните да ги следат упатствата на надлежните и да избегнуваат ризични локации – изјавија од ЦУК.
Во овој дел од земјата, Кочанска река излеала кај село Горни Подлог, каде што интервенции врши КЈП „Водовод“ – Кочани со механизација. Оризарска река е излеана кај село Грдовци, каде што Водостопанство „Брегалница“ ја регулира ситуацијата, додека полицијата обезбедува сообраќајот. Зрновска река има излевање пред вливот во Брегалница, а состојбата се следи од РЦУК. Злетовска река и Брегалница се со зголемен водостој, но без излевање. На патот Македонска Каменица – рудник Саса се интервенира поради одрон.
Најкритична е состојбата во населбата Далјан, каде реката Далја излеала. Интервенираат ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“, а ТППЕ и ДЗС вршат испумпување на водата од поплавените објекти. РЦУК Охрид координира пријавите преку бројот 112. Покрај тоа, кај Коселска река преземени се мерки за заштита на патната инфраструктура кон селата Ливоишта и Вапила.
Поплавени се делови од површините, а улица „Прилепска“ останува загрозена. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување, додека Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.
Во Општина Битола РЦУК и општинските служби вршат контрола на терен. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, Македонијапат расчистува на регионалниот пат Р-2333, додека Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозени површини.
Состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство, додека Македонијапат и комуналните претпријатија вршат превентивно посолување и расчистување на ризични патни делници.
Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби реагираат по уривање на потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевања кај Стримница и Палатица. На Попова Шапка патот се расчистува со механизација од приватна фирма, а во Гостивар ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.
– Надлежните институции ја следат состојбата и се на терен за сите критични точки. Граѓаните мора да бидат внимателни, особено во близина на реки и поплавени патни правци – апелираат од ЦУК.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
