Background

Реформите се полесни, кога се има чувство за заедничка цел, порача Муртезани во Брисел

Проширувањето на ЕУ е повеќе од само проширување на границите, туку тоа е и проширување на перспективите и на заедничките судбини на граѓаните, па затоа Македонија останува непоколеблива во негувањето на социјалниот дијалог, јакнењето на граѓанското општество и во инвестирањето во младите, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Во обраќањето на Форумот за проширувањето на ЕУ, Муртезани нагласи дека на сите овие заложби земјава не гледа како на обврски, туку како на принципи на вистинска инклузивна и демократска Европа, во која што дијалогот ги обликува политиките.

– Секако дека не е лесно да се чека 20 години и во поголемиот дел од тој период и како предводник во европската интеграција, но случајот со Северна Македонија е најдобриот пример за отпорност и упорност во постигнувањето на нашата крајна цел – рече Муртезани.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека и во вакви услови, по 20 години чекање, во земјава сè уште има 65 до 70 отсто поддршка за европската интеграција, што покажува дека македонските граѓани сè уште се убедени дека нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

– Западниот Балкан и географски е дел од Европа и можам да кажам заден двор на Европа, кој е подеднакво важен како и предниот двор, бидејќи и претходно видовме дека тој може многу лесно да се користи за ризични геополитички експерименти – рече Муртезани.

Според него, доколку граѓаните не видат опипливи резултати во пристапниот процес, ќе станува сè потешко да се зголеми нивната поддршка за членство, па затоа е потребно нивно информирање за придобивките од проширувањето уште пред зачленувањето.

– Една од лекциите што ги научивме во нашата интеграција е дека реформите дефинитивно стануваат поодржливи, ако имате чувство за заедничка цел – рече Муртезани.

Тој додаде дека на Европската Унија гледа како на жива приказна, која носи надеж за младите генерации и дека нејзиното проширување не е само географија и политика, туку и можност за остварување на соништата, заедничките амбиции и на нашата колективна цел.

Муртезани нагласи дека во Македонија се сфаќа улогата на граѓанското општество во процесот на проширувањето, како и дека социјалниот дијалог не е само механизам за поддршка, туку е темел на целата демократија.

Потенцира дека Владата воспостави структурни партнерства со многу граѓански организации за да го направи пристапниот процес потранспарентен и инклузивен, како и дека многу невладини организации се дел од Комитетот за следење на спроведувањето на Планот за раст,

– Неодамна нашата Влада усвои посветена стратегија за соработка и развој, за да покажеме дека граѓанското општество е опфатено со принципите на инклузивност, одговорност и отвореност. Неговата визија е апсолутно јасна – професионален и независен граѓански сектор целосно интегриран како партнер во креирањето политики, сектор кој ги одразува аспирациите на општеството и ги одразува интересите на граѓаните – истакна Муртезани.

Министерот Муртезани се заблагодари на организаторот на собирот, Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) и посебно на неговиот претседател Оливер Ропке затоа што ова е првата институција на ЕУ која ги вклучи и кандидатите за членство, како многу важен чекор кон нивната постепената интеграција во Унијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation