Како редакција, згрозени сме од чинот на напад на новинари и бараме итна реакција од надлежните институции.Инцидентот се случи околу полноќ, додека во живо „течеше” поткастот „Тешки муабети” со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски. Штотуку најавија дека преминуваат на актуелната тема со мигрантите, кога главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата затоа што некој тропал на вратата на студиото.
Александар Митовски (Мечка) и Милош Милошевски (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски, во која се наоѓа и студиото, постојано има лица кои ги следат, како што тие тврдат. Претходната вечер, кога завршиле околу 1:15 по полноќ, пред студиото имало две лица во возило „ауди” кои ги сликале. Кога отишле да ги прашаат што бараат, тие без одговор заминале.
Според новинарите, лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала” ја скршила вратата на студиото. Тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција, изјави Митовски.
Редакцијата на „Охридскај” го осудува секој вид на насилство и застрашување на новинари и бара надлежните органи итно да го истражат случајот и да ги идентификуваат и санкционираат сторителите. Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се темелни вредности на демократското општество кои мораат да бидат заштитени.
Tagged as:
Редакцијата на „Охридскај" најостро го осудува нападот на новинарите и редакцијата на „Инфомакс"
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
