Background

Речиси еден милион жители на Филипините ги напуштиле своите домови пред налетот на супертјaфунот „Фунуон“, кој веќе носи силни ветрови и поројни дождови

Речиси еден милион жители на Филипините ги напуштиле своите домови пред налетот на супертјaфунот „Фунуон“, кој веќе носи силни ветрови и поројни дождови. Тоа се случува само неколку дена по катастрофалниот тајфун Калмаеги што однесе повеќе од 200 животи, јави ДПА.

Националната агенција за справување со катастрофи објави дека над 900.000 лица се евакуирани од источните, централните и северните покраини кои се наоѓаат на патеката на тајфунот. Во некои области веќе е прекинато снабдувањето со електрична енергија поради превентивни мерки пред вечерното пристигнување на бурата.

– Повторно ја повикуваме јавноста да биде подготвена, да ги следи предупредувањата и да преземе мерки, бидејќи тајфунот се приближува – изјави заменик-администраторот на националната служба за цивилна заштита, Бернардо Рафаелито Алехандро. Тој апелираше до населението да соработува, но и да остане смирено, нагласувајќи дека постојат протоколи кои мора да се следат за да се заштитат животите.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Според метеоролошката служба, супертајфунот има постојани ветрови од 185 километри на час, со налети што достигнуваат и до 230 километри на час. Се движи западно-северозападно со брзина од 25 километри на час и се очекува да ја погоди покраината Аурора во текот на ноќта или на раните утрински часови.

 

 

 

 

Властите проценуваат дека околу 8,4 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од ударот на „Фунуон“, од кои 5,7 милиони живеат во крајбрежните региони најизложени на поплави и свлечишта.

 

 

 

 

Филипините редовно ги погодуваат околу 20 тропски циклони годишно. Еден од најсмртоносните бил супертјфунот „Хаијан“, кој во 2013 година однел повеќе од 6.300 животи и оставил пустош низ централниот дел на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation