По рекордните летни температури, делови од Австрија се борат со снегот. Треба да се напомене дека станува збор за планинско подрачје, поточно Алпите. Австриските медиуми објавија дека на Алпите има до 80 см свеж снег.
Обилните снежни врнежи во Цилерталските Алпи и Глокнер групата во последните денови создадоа вистински зимски услови на високите планини. На околу 2.800 метри надморска височина, паднаа помеѓу 30 и 80 см свеж снег, особено во Венедигер групата, како што објави Алпскиот клуб на Фејсбук, објавува списанието Феникс.
Силните северни ветрови предизвикаа натрупување на снегот, создавајќи услови за лавини.
Со оглед на сончевото време и зголемувањето на температурите, Тиролската служба за предупредување од лавини предупредува на ризикот од помали лавини.
Постои и ризик од лизгање на земјиштето во пукнатините на глечерите, бидејќи тие се тешко видливи поради свежиот снег.
Планинарите се повикуваат да бидат внимателни
Експертите советуваат внимателно планирање на планинарската тура и им советуваат на сите да носат соодветна опрема, како и да ги следат актуелните информации за состојбата со лавините.
Од петок се очекува времето да се подобри и летните услови да се вратат, според австриските медиуми