Речиси 83.000 вработени сè уште не ја добиле јануарската плата, што е три и пол пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), пренесе ТВ „Сител“.
Јануарска плата лани фирмите не им исплатиле на околу 25.000 работници.
Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека на компаниите што не го испочитувале рокот веќе им се испратени опомени, доколку не ја исплатат платата во наредниот период, ќе биде спроведена присилна наплата.
Не се знае колку од фирмите што не исплатиле плата се во приватниот, а колку во јавниот сектор и дали има неисплатени плати за повеќе месеци.
Според законските обврски, рокот за исплата на јануарската плата бил 15 февруари.
Во земјава има 70.000 фирми со вкупно 551.264 вработени.