По признавањето на палестинската држава од страна на Велика Британија, Канада и Австралија, предизвика очекувана реакција од Израел.
„Признавањето на палестинска држава од страна на земјите од Комонвелтот не е ништо друго освен награда за џихадистичкиот Хамас, охрабрено од неговото Муслиманското братство во Велика Британија“ пренесе „The Times of Israel“ изјава од Министерството за надворешни работи.
Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир повика на итна анексија на Западниот Брег.
Во објава на Х, тој побара целосно растурање на палестинската самоуправа, која ја нарече „терористичка власт“.
Бен-Гвир вели дека на следниот состанок на владата ќе предложи план за „проширување на (израелскиот) суверенитет“.
Ултрадесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич, пак, напиша на X дека е завршено времето кога Велика Британија и другите земји ја одредуваа иднината на Израел.
„Британскиот мандат заврши, а единствениот одговор на овој антиизраелски чекор е да се прогласи суверенитет над териториите на предците на еврејскиот народ во Јудеја и Самарија и засекогаш да се отстрани од агендата глупавата идеја за палестинска држава, напиша Смотрич, користејќи го еврејсиот назив за Западниот Брег во Израел.
Обраќајќи му се на својот шеф, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој напиша: „Дојде времето – во ваши раце е“.