Екипите на „Македонија Пат“ вечерва околу 21 часот ги расчистија двата поголеми одрони од карпи на автопатот Скопје-Велес, на локација кај манастирите и на потпорниот ѕид на Тунелот кај Башино Село на влезот во Велес.
Подружицата на „Македонија пат“ Петровец вечерва работеа на расчистување на одроните од карпи, предизвикани од поројните дождови доцна попладнево.
Тие посочија дека додека траело расчистувањето на карпите, екипи на МВР го регулирале сообраќајот на двете коловозни ленти од автопатот Скопје-Велес.
Екипите на „Македонија Пат“ го отстраниле и паднатото дрво на левата коловозна лента пред велешката патарина Сопот, од автопатот Скопје-Велес.
Поради невремето што зафати повеќе региони во земјата, од 20:40 часот патниот правец Кочани – Виница – село Смојмирово е во прекин поради голема количина вода насобрана на коловозната лента и затворени испусни канали кај објектите на фирмите „Леда вин“ и „Ирибов“.
Сообраќајот е пренасочен преку селата Зрновци, Јакимово и Истибања.
Tagged as:
Расчистени се одроните од карпи на автопатот Скопје-Велес
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
