На годинешното доделување на Златните глобуси за првпат беше воведена категоријата – награда за најдобар поткаст.
Оваа награда, на првата победничка во категоријата, Ејми Полер со поткастот „Good Hang“ ѝ ја врачи познатиот рапер чие појавување на сцената, поточно, дел од она што го кажа, беше цензуриран во телевизискиот пренос во живо.
Еве што беше тоа што го кажа раперот.
– Олабавете се малку. Ова се двојно Г – Златните глобуси, а со вас е Д-О-двојно-Г“, изјави тој. Уживајте и не бидете вкочанети, малку раздвижете се! – им порача раперот на присутните, а потоа се пошегува и на сметка на новата категорија – награда за најдобар поткаст.
– Најдобар поткаст е многу важна категорија за мене, бидејќи пред поткастите, јас бев тоа што го слушавте во автомобилите. Вие поткастери подобро надевајте се дека нема да влезам во таа игра – рече Снуп, пред да ја прогласи за победничка Ејми Полер.
Но, непосредно пред прогласувањето на победничката, преносот накратко беше прекинат поради тоа што 54-годишниот музичар изјави дека е во моментот „напушен како мадерфакер“.
Tagged as:
Раперот цензуриран за време на преносот во живо од доделувањето на наградите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
