Раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите, соопшти Народна банка.
Претставници на оваа бизнис заедница имале средба со гувернерот Трајко Славески на која е оценето дека стабилниот и конкурентен банкарски сектор е клучен за поддршка на стопанството.
Гувернерот Славески нагласил дека со овие мерки Народната банка испраќа јасна порака за поддршка на сеопфатните економски придобивки преку овозможување пониски трошоци за електронските плаќања за компаниите и обезбедување поголема достапност и ефикасност на платните услуги.
На средбата било истакнато дека Народната банка продолжува со посветеност да ги унапредува условите во платниот систем, во согласност со европските стандарди и во насока на претстојното приклучување кон СЕПА, кое се очекува да започне на 6 октомври.
Во однос на монетарната политика, гувернерот рекол дека Народната банка внимателно ги следи економските текови и е подготвена да реагира соодветно со сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс и на цените.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖