На ноќното небо низ Велика Британија и Ирска се појави блескава спирала, а експерти од британската метеоролошка служба објаснуваат дека причината за оваа необична појава најверојатно се испарувањата од ракетата Фалкон 9 на SpaceX.
Феноменот бил забележан од Данска до Милано, а спиралата била видлива неколку минути пред да исчезне, објави Sky News.Според експертите, замрзнатите издувни гасови од горните слоеви на ракетата создаваат форми во атмосферата додека ја рефлектираат сончевата светлина, што ги прави видливи од Земјата.
Овој ефект се јавува кога горивото исфрлено од горната фаза на ракетата веднаш замрзнува на голема височина.
Ракетата Фалкон 9 беше лансирана од Флорида во понеделникот околу 17.50 часот по Обединетото Кралство како дел од мисија на американската влада.