Познатиот глумец Раде Шербеџија проговори за пожарите кои со денови беснеат во Лос Анџелес. Тој откри дека осум месеци живеел во Пацифик Палисадес додека ја снимал серијата со Џеф Бриџис.
– Тоа е страшно, луѓето се целосно вознемирени. Оваа катаклизма изгледа како сериозна закана за нашата планета, на која се чини дека ѝ е здодевно од тоа. Дали луѓето ќе се вразумат и ќе престанат со војните и безумното уништување на природата? Се плашам дека сè повеќе ќе бидеме сведоци на такви ужаси – изјави Шербеџија за „24сата.хр“.
Тој смета дека луѓето се однесуваат како да сакаат самите себе да се уништат, а ги критикуваше и политичарите од големите земји кои, како што вели, „безгрижно војдат војна додека луѓето умираат залудно, а филозофите молчат“.