Рускиот претседател Владимир Путин, на состанок со претставници на организацијата „Бизнис Русија“, го коментираше новиот пакет санкции што Европската Унија ги подготвува против Русија.
– Изгледа дека нема да го сторат тоа бидејќи и самите знаат дека ќе си наштетат. Но, сепак го прават – идиоти. Простете ми за изразот. А што друго може да се каже? Водечките светски економии влегуваат во рецесија само за да ѝ наштетат на Русија – изјави Путин.
Европската Унија го одобри 17-от пакет санкции против Русија. Новите мерки се насочени кон речиси 200 брода од таканаречената руска „флота во сенка“, 30 компании кои учествуваат во заобиколување на санкциите, како и кон 75 поединци и субјекти, поврзани со руската воено-индустриска инфраструктура и други цели.