Претседателот на Русија, Владимир Путин, го посети граничниот регион Курск, во прва официјална посета откако руските сили ги истиснаа украинските трупи по месеци жестоки борби.
Кремљ објави видео од неговата посета, при што Путин се сретнал со претставници на локални доброволни организации, вклучувајќи го и Серускиот народен фронт, но не прецизира кога точно се случила посетата.
За време на разговорите, Путин остро ги нападна украинските сили, обвинувајќи ги дека уништуваат споменици од Втората светска војна, нарекувајќи ги „неонацисти“ и саркастично додавајќи дека би освоиле „второ место на натпревар за идиоти“ поради нивните постапки.
Украина ги шокираше Москва и меѓународната јавност во август минатата година кога започна неочекувана офанзива во регионот Курск, привремено преземајќи контрола врз околу 1.370 квадратни километри и врз стотина населени места. Киев се надеваше дека ќе го растовари источниот фронт и дека ќе создаде територија за потенцијална размена, но Русија успеа да си ја поврати целата окупирана зона во март, со помош на илјадници севернокорејски војници.
Поради украинскиот напад, над 150.000 луѓе биле евакуирани од регионот, а Путин најави дека оние кои сè уште не можат да се вратат ќе добијат државна компензација од 65.000 рубли (приближно 800 долари).
Претседателот ја искористи посетата и за да го обиколи градот Курчатов, каде што се наоѓа нуклеарната централа „Курск 2“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
