Путин и Ердоган разговарале за мир во Украина, но и за Сирија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди фундаменталната посветеност за пронаоѓање политичко и дипломатско решение за украинскиот конфликт, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Путин му се заблагодари на Ердоган за неговата подготвеност да продолжи да ги олеснува директните руско-украински преговори во Истанбул“, се наведува во соопштението.

Двајцата лидери размениле мислења и за актуелните настани на Блискиот Исток и ја истакнаа важноста од брза стабилизација на ситуацијата во Сирија преку дијалог и зајакнување на националната слога.

„Изразувајќи длабока загриженост поради неодамнешниот пораст на насилството во земјата, лидерите ја нагласија важноста од брза стабилизација на ситуацијата преку дијалог и зајакнување на националниот консензус, со почитување на легитимните права на сите членови на мултирелигиозното сириско општество. Двете страни ја нагласија потребата од почитување на суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Сирија“, се истакнува во соопштението.

Ердоган во телефонскиот разговор со Путин ја истакна важноста од почеток на трета рунда директни преговори со Украина и подготвеноста да ги организира во Истанбул, кога ќе се утврдат датуми кои одговараат на двете страни, соопшти кабинетот на турскиот лидер по разговорот.

„Разгледани се билатералните односи меѓу Турција и Русија, регионалните и глобалните прашања. Претседателот Ердоган изјави дека е важно да се почне трета рунда преговори меѓу Русија и Украина и дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на преговорите во Истанбул кога ќе се утврдат датуми кои одговараат на страните“, се наведува во соопштението.

Ердоган му рекол на Путин дека Турција сака да обезбеди стабилност во Сирија.

„Претседателот Ердоган рече дека конфликтите по повлекувањето на сириските безбедносни сили од Ас-Сувајда претставуваат закана за целиот регион и оти е важно Израел да не го прекршува суверенитетот на Сирија. Тој рече дека Турција е посветена на обезбедување стабилност и безбедност во Сирија и помагање таа што побрзо да закрепне“, додава официјална Анкара.

Share This Article