Background

Пукање во Батинци го потресе Скопје утрово, а 49-годишен маж, припадник на АРМ, бил донесен во Градската болница без знаци на живот, со две прострелни рани во пределот на градниот кош

Пукање во Батинци го потресе Скопје утрово, а 49-годишен маж, припадник на АРМ, бил донесен во Градската болница без знаци на живот, со две прострелни рани во пределот на градниот кош.

Како што информираат од Градската болница „Св. Наум Охридски“, жртвата била донесена околу 10:55 часот.

„Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но пациентот беше веќе мртов. Констатиравме смрт на лице место“, соопштија од болницата.

- Advertisement -
Ad image

Иако официјално надлежните сè уште не го соопштуваат идентитетот, дел од медиумите објавија дека станува збор за Агим Муареми, жител на Батинци и припадник на АРМ.

Мотивите и околностите околу пукањето сè уште не се познати, но истрагата е во тек. На местото на настанот извршен е увид, а осомничениот за нападот е во бегство

Претходно од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за пукањето во Батинци и соопштија детали.

„Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, лицето М.Е. пријавил дека на влезот на село Батинци, скопско, лицето М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило ‘Киа’ кое било во движење. А.М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, информираа од МВР.

Oд Министерството за одбрана ја потврдија информацијата за убиството на припадникот на Армијата.

„Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден. На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, велат од министерството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation