Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Saso
By Saso
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело тешка телесна повреда со смртни последици.Осомничените, од кои двајца се на возраст од 27 години и еден 35-годишник, на 27 август околу 5 часот наутро, имале вербална расправија со оштетениот во казино во Кавадарци. Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава. Оштетениот се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди од кои починал.

Во текот на истражната постапка ќе бидат обезбедени сите докази и ќе се врши психијатриско вештачење на осомничените, па доколку се утврди дека кај нив постоела свест и намера да го лишат од живот оштетениот, можна е преквалификација на делото во убиство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, особено имајќи ја предвид опасноста од бегство. На ова укажува и нивното однесување веднаш по настанот, бидејќи тие се оддалечиле од местото и не се пријавиле самите во полиција. Наместо тоа, отишле заедно во стан на едниот од осомничените. Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази.

Share This Article