Background

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу идентификуваните има осум млади лица на возраст од 16 до 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавуваат дека меѓу загинатите има и тројца италијански државјани.

Во меѓувреме, роднините на другите исчезнати лица продолжуваат да чекаат информации за нивната судбина. Дел од повредените сè уште не се идентификувани, а многумина имаат тешки изгореници и се лекуваат во специјализирани медицински центри.

Според Федералната служба за цивилна заштита и помош при катастрофи на Германија, земјата примила вкупно 11 тешко повредени лица од Швајцарија на лекување. Засега не се планирани нови трансфери, соопштија надлежните.

Гвидо Бертоласо, одговорен за здравство во италијанскиот регион Ломбардија, изјави дека идентификацијата на некои од повредените е исклучително тешка поради сериозноста на нивните повреди.

– Нивните лица се целосно преврзани. Не можеме да ги отстраниме завоите за да ги идентификуваме. Тие се интубирани и не можат да зборуваат – изјави Бертоласо.

Во центарот на Кран-Монтана, граѓаните и понатаму се собираат во близина на местото на трагедијата, оставајќи цвеќе, писма, свеќи и плишани играчки во спомен на загинатите. Швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој го посети местото на настанот, ја опиша трагедијата како „незамислива“ и нагласи дека властите ќе сторат сè што е потребно за целосно разјаснување на одговорноста за инцидентот.

Истражните органи соопштија дека против сопствениците на барот е покрената истрага под сомнение за предизвикување смрт од небрежност, телесни повреди од небрежност и ненамерно предизвикување пожар. Според првичните информации, пожарот на новогодишната ноќ најверојатно бил предизвикан од прскалки поставени на шишиња шампањ, од кои се запалил таванот на просторијата.

Швајцарија прогласи национален ден на жалост за 9 јануари. Во 14:00 часот ќе се огласат сите црковни ѕвона низ земјата, а ќе биде одржана и минута молчење. Доцна синоќа во црквата во Кран-Монтана се одржа комеморативна служба со присуство на луѓе од сите возрасти, а за денеска по службата е закажан тивок марш до барот „Констелејшн“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation