Background

Првите 40 км од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат готови до 10 јули

Се работи на тоа првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Битола.

Реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, а се очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

– Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една година, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката, некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Тука имаме доцнења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и целосно да го пуштиме патот до крајот на 2026, почетокот на 2027 година – изјави Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

На автопатот Прилеп-Битола до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата. Таму се заокружени истрагите поврзани со пронаѓање експлозивни направи.

– Рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот – рече Мицкоски.

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат со една солидна динамика, а надмината е пречката со наоѓалиштата од античко време, така што, се очекува и тука да има исклучително голема рализација.

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево. Овој процес е придвижен, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-15 километри, имотно-правни односи и трасирањето.

Се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата и се расчистува патот.

Премиерот најави дека во општините ќе има нови 1.200 градилишта со инфраструктурни проекти од двата повика на Владата.

– Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што функционираше изминатите години „Битно е да крадеме, а не да градиме“, тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока – изјави Мицкоски.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.

Според Извештајот, објавен вчера на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти.

Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, 30 проценти за Букојчани-Гостивар и 49 проценти за Прилеп-Битола.

Како што информираа претходно од ЈПДП, од градежните активности што се одвиваат на трите делници (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини. Сите активности се одвиваат со зголемена динамика.

На „Бехтел и Енка“ досега ѝ се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзорот, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари на 22 и од 524.972.228 денари на 30 април.

Изведувачот заклучно со април ангажирал 1.833 лица и 1.082 градежни машини.

Кон „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д заклучно со минатата година се исплатени 261 милион евра, а годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра е склучен во март 2023 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation