Играчите на тимот Гондомар, каде што португалскиот напаѓач Диого Жота ја започна својата кариера, во сезоната 2025/26 ќе играат во дрес со неговиот лик.
Покрај Жота, на дресовите е прикажан и неговиот брат Андре.
Жота играше за Гондомар од 2005 до 2013 година.
На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.
