Првата дама на САД Меланија Трамп облече црно-бел фустан на инаугуративниот бал што се одржа синоќа во конгресениот центар „Волтер Е. Вашингтон“.
Фустанот беше без прерамки со црни детали и со шлиц. Креацијата ја спои со штикли и со црна огрлица.
Фустанот го дизајнираше Ерве Пјер, долгогодишен стилист на Меланија. Тој беше задолжен и за фустанот на инаугуративниот бал во 2017 година. Меланија и тогаш блесна во бел фустан без прерамки со шлиц и тенок црвен ремен околу половината.
Меланија и Доналд заиграа на американската патриотска песна „Battle Hymn of the Republic“, а потоа се развеселија и со брзата „YMCA“.
Ќерката на Трамп, Иванка, исто така блесна во бела креација на балот. Таа избра црно-бел фустан од високата мода на Живанши. Фустанот е инспириран од стилот од 1953 година од архивите на куќата. Станува збор за бујна тоалета со надздолниште. Фустанот е украсен со рачно извезени цветни мотиви. Иванка го надополни со долги црни ракавици.
На балот заиграа и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Чилукури.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
