Првата дама на САД, Меланија Трамп ги претстави божиќните декорации за Белата куќа со тема „Домот е таму каде што е срцето“. Таа на X порача дека празниците треба да ја потсетат јавноста на љубовта и можностите што ги носи домот.
Празничното украсување за 2025 година се совпаѓа со големото реновирање на резиденцијата, кое вклучува рушење на поранешното источно крило и изградба на нова балска сала вредна околу 200 милиони долари.
Овогодинешната концепција следи црвена, бела и сина тема, а во Црвената соба елката е украсена со сини пеперутки, бели ленти со пораката „Негување на иднината“ и украси од кампањата „Биди најдобар“, пренесува „ABC News“. Каминот во истата просторија е посветен на заедницата за згрижување деца, една од главните теми на првата дама.
Во Источната соба декорацијата е во чест на 250-годишнината од формирањето на САД. Изложена е и медената куќа за 2025 година, тешка 55 килограми.
Како што наведува „NEXTA“, Меланија Трамп петти пат лично ја декорира резиденцијата, при што се користени: 25.000 стапки лента, над 2.000 светлечки жици, повеќе од 55 фигури од меденки, над 2.800 златни ѕвезди, повеќе од 10.000 сини пеперутки и над 700 стапки венец.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
