Background

Првата дама доживеала трагедија пред да пристигне во Лондон

Француската прва дама Брижит Макрон (72) го придружуваше својот сопруг, претседателот Емануел Макрон (47), во текот на државната посета на Велика Британија, и покрај личната трагедија што ги снајде само неколку дена пред да заминат за Лондон.

Како што објавија странските медиуми, Брижит Макрон претрпела тешка загуба – минатата недела нејзината сестра Ан-Мари Троњо починала во нејзиниот роден град Амиен. Иако во длабока жалост, Брижит одлучила да не го остави својот сопруг сам на важното меѓународно патување.

Нејзиното повлечено и сериозно однесување веднаш го привлече вниманието на јавноста. Камерите го забележаа моментот кога претседателот Макрон ѝ ја подаде раката на сопругата додека се симнуваа по скалите на авионот, а таа го одби гестот и наместо тоа се фати за оградата.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е главната причина зошто првата дама изгледа замислено и повлечено. Загубата на нејзината сестра длабоко ја погоди, бидејќи беа многу блиски. Сепак, таа одлучи да биде покрај својот сопруг, сметајќи го тоа за своја должност – изјави извор близок до двојката за „Мејлонлајн“.

Ан-Мари е втората сестра што Брижит ја изгуби – претходно ја загуби својата сестра Маривон во сообраќајна несреќа кога имала само 27 години.

Да потсетиме дека односот помеѓу француската претседателската двојка често е предмет на медиумско внимание. Во мај, видео од аеродромот во Ханој стана вирално на социјалните мрежи, каде што се чинеше дека Брижит го „дисциплинира“ Макрон со удар по лицето. Официјални лица од Елисејската палата во тоа време го негираа ова, наведувајќи дека тоа бил „забавен момент“ пред почетокот на официјалната турнеја.

Парот е во брак 18 години, а нивната врска предизвикува јавни контроверзии со години – Брижит беше професорка по драма на Макрон во средно училиште, мажена и мајка на три деца, кога тогашниот 16-годишен Емануел изјави дека еден ден ќе се ожени со неа. Иако родителите се обидоа да ја прекинат врската, љубовта преживеа и стана дел од нивната лична и политичка приказна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation