Пронајден е телефонот на исчезнатото момче Миле Тодоров од Неготино, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање.
Мобилниот телефон вчера бил пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема, објави Фокус.
Веќе неколку дена се трага по 28-годишниот Тодоров од Неготино, кој во четвртокот околу осум часот наутро, откако дал отказ на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.
Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и последен пат е забележан кај селото Марена околу 10.30 часот истиот ден.