Background

Промената на времето ќе почне попладне, ќе дува силно од север и ќе студи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Фото: УХМР

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура д 1 степен. најтопло ќе биде во Велес и во Скопје, каде дневната температура ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје претпладне вреето ќе биде сончево, со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд, над 30 литри на квадратен метар. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Во петок ќе дува силен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Ветерот ќе биде особено изразен вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат.

Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Нова дестабилизација се очекува од вторник.

Фото: УХМР

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation