Background

Проектот за гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија влегува во забрзана фаза на реализација

Проектот за гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија влегува во забрзана фаза на реализација, откако македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари работна посета на Белград.

Делегацијата, во која учествуваа претставници од Министерството за енергетика, како и раководни лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во српската престолнина по покана на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ. Главен фокус на средбите беше забрзувањето на активностите за изградба на гасниот интерконектор – проект со стратешко значење за енергетската безбедност и регионалната поврзаност.

На работните состаноци беа разгледани клучните технички, финансиски и институционални чекори неопходни за продолжување на изградбата. Интерконекторот ќе има вкупна должина од околу 67 километри, од кои 23 километри на територијата на Македонија и 44 километри во Србија. Тој ќе ги поврзе гасните системи на двете земји, со приклучок кај Клечовце на македонска страна и кон националната гасоводна мрежа во близина на Врање.

- Advertisement -
Ad image

За финансирање на проектот веќе е изразен интерес од Светската банка, како и од други комерцијални банки, што дополнително ја потврдува неговата важност во рамки на пошироката визија за интегриран и диверзифициран регионален пазар на гас.

Министерката Божиновска нагласи дека проектот се движи според договорената динамика меѓу двете работни групи.

– Интерконекторот со Србија е клучен проект што ќе ја отвори нашата земја кон нови извори на гас и ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност. Ова не е важен проект само за Македонија и Србија, туку и за Европа. Имаме завршени студии, усогласена траса и координирана акција. Нашата цел е интерконекторот да стане реалност во најкраток можен рок, бидејќи секој ден е важен за сигурноста на граѓаните и економијата – истакна Божиновска.

Српската министерка Хандановиќ Ѓуровиќ ја потенцираше регионалната димензија на проектот.

– Гасниот интерконектор со Македонија има значење што оди подалеку од нашите граници. Тој е дел од визијата за енергетски поврзан и стабилен регион, усогласен со европските цели. Соработката е интензивна и конструктивна, а со поддршка од Транспорт гас Србија и Номагас создаваме нова енергетска оска на стабилност – рече таа.

Двете страни се согласија на редовни и интензивни средби со цел навремена реализација на сите активности. Според усогласената динамика, изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во 2027 година, додека првиот гас низ новиот гасовод се очекува да протече во 2028 година.

Проектот е планиран да биде и технички подготвен за иден транспорт на водород, во согласност со долгорочните европски енергетски и зелени политики.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба гасниот интерконектор Македонија–Србија да стане модерна, безбедна и функционална енергетска врска, која ќе обезбеди поголема сигурност, диверзификација и регионална интеграција во интерес на граѓаните и економијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation