Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Серија земјотреси со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и се преземени се вонредни мерки и препораки. Според проценките, островот веќе го напуштиле над 5.000 лица.

Од полноќ до рано утрово се регистрирани шест земјотреси со интензитет меѓу 4 и 4,8 степени, а слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден.

Според директорот на Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина Василис Карастатис, тоа значи дека „сеизмичката активност не деескалира, туку напротив се интензивира“. Тој вели дека од 1 февруари, заклучно со синоќа, имало над 240 земјотреси со јачина поголема од 3 степени, а во истиот период биле регистрирани 39 земјотреси од над 4 степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас вели дека не е активиран раседот кој во 1956 година предизвика земјотрес од 7,7 степени, по што следеше и цунами.

– Овој расед не може да предизвика голем земјотрес, бидејќи во 1956 година ослободи голема енергија. Ќе бидат потребни илјадници години за повторно да се наполни со енергија. Значи, имаме активирање на помали раседи северозападно од раседот кај Аморгос. Активноста е ограничена во близина на Аморгос – посочи Лекас.

Тој објасни дека ова е позитивен момент, бидејќи конкретниот остров има карпести формации, нема многу објекти и нема голема површина, за разлика од Санторини, кој има сосема спротивни карактеристики.

Поради серијата земјотреси во минатите денови голем број жители, работници, но и туристи со траекти и со авиони го напуштаат Санторини. Двете грчки авиокомпании „Ејџијан“ и „Скај експрес“ воведоа вонредни летови од и кон островот.

Утрово од „Ејџијан“ соопштија дека вчера имало 9 летови од Санторини до Атина, од кои пет биле вонредни, при што од островот до грчката метропола се пренесени вкупно 1.294 патници. За денеска се планирани 8 лета, со вкупен капацитет од над 1.400 седишта.

– Вкупно, во првите 2 дена, понеделник и вторник, со нашите летови ќе бидат пренесени околу 2.500 до 2.700 патници од Санторини до Атина – информираа од грчката авиокомпанија.

- Advertisement -
Ad image

Доколку има потреба од утре ќе се воведат дополнителни вонредни летови.

Луѓето заминуваат од Санторини и со траекти, а вонредни линии воведоа и дел од бродските компании.

Процените во Грција се дека досега, најмалку 5.000 лица го напуштија островот.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за утрово закажа министерски состанок за активностите на државниот механизам. Вчера членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности препорачаа продолжување на превентивните мерки.

Училиштата на Санторини и на соседните острови Иос, Аморгос и Анафи до петок ќе бидат затворени. Граѓаните ќе треба да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите, да избегнуваат пристап во напуштени објекти, да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира, да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените,  да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера упати апел до жителите на Санторини да бидат смирени и да ги следат упатствата на надлежните. Тој побарал од надлежното министерство во следните денови „да подготви сеопфатна научна презентација на геолошките податоци, за сите да знаат каква е појавата со која треба да управуваме“.

Share This Article