Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин спомна две главни причини за војната кои според Москва мора да бидат искоренети во преговорите за крај на војната со Украина. Без елиминирање на овие причини, вели рускиот министер, замрзнувањето на огнот би резултирало со неизбежно продолжување на конфликтот.
– Остануваме отворени за дијалог и се залагаме за навистина праведно, сеопфатно и конечно решение на кризата, што може да се постигне само со искоренување на нејзините основни причини, двете главни причини се проширувањето на НАТО и газењето на правата на етничките Руси и жителите на Украина кои зборуваат руски – рече Галузин за РИА Новости велејќи дека Москва сè уште не се добиени конкретни предлози од ваков карактер.
Галузин исто така изјави дека „остануваат законските пречки поврзани со нелегитимноста на режимот во Киев и сегашната законска забрана за мировни преговори во Украина“.
На сличен став во врска со раководството на Зеленски во Украина е и постојаниот претставник на Русија во Обединетите Нации Василиј Небензја. Тој во интервју за РИА Новости изјави:
– За Русија, „e фундаментално важно“ потенцијалните мировни договори со Киев да бидат потпишани од легитимното раководство на Украина, а указот на Володимир Зеленски за забрана на преговорите со Москва и нејзината нелегитимност може да го „комплицираат преговарачкиот процес и снимањето на неговите резултати – рече Небензја.
Русија, истакна Небензја , отсекогаш ја нагласувала својата подготвеност за дијалог „со сите лица кои се заинтересирани за изнаоѓање одржлив, долгорочен мир под заемно прифатливи услови“.
– Сепак, во контекст на украинската приказна се поставува прашањето: кој ќе потпише потенцијални мировни договори и како тие правно ќе се формализираат – истакнува рускиот претставник во ОН.
Небензја рече дека Русија е отворена за контакти со САД за Украина на „еднаква основа и со задолжително разгледување на руските интереси“ и чека „соодветни сигнали“ од Вашингтон.
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за да разговара за завршување на војната.
Трамп исто така изјави дека телефонски се слушнал со рускиот претседател Владимир Путин и дека Путин му рекол дека не сака повеќе крвопролевање.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руски ТАСС изјави дека во последниот период излегле многу информации за наводни комуникации меѓу Трамп и Путин и дека тој ниту може да ги потврди, ниту да ги демантира.