Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа го осуди признавањето на палестинската држава од страна на неколку западни лидери, нарекувајќи го „срамно предавање пред тероризмот“.
„Признавањето на палестинска држава од страна на некои лидери нема да го обврзе Израел на никаков начин. Палестинска држава нема да биде создадена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер на платформата Икс.
Нетанјаху во Њујорк ќе се сретне со повеќе светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тајмс оф Израел“ објави дека стотици демонстранти се собраа на аеродромот „Бен Гурион“ за да протестираат против Нетанјаху пред неговиот лет за Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации. Тие бараат договор со Хамас за враќање на заложниците дома.