Приведен безобзирен возач во Тетово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 49-годишниот Н.Л. од Тетово, откако бил фатен како управува патничко моторно возило „Хонда“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел зголемување на безбедноста на сите патници“, соопштија од МВР.

Share This Article