Притвореник во КПУ Затвор Скопје вчера ненадејно ја починал, откако пријави дека не му е добро, информираат од МВР.
Според официјалното соопштение, на 30 август 2025 година, околу 15:30 часот, од страна на вработен во затворот било пријавено дека М.П. (54) од Долно Коњари, кој се наоѓал во притвор, побарал лекарска помош.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а во 15:58 часот докторите ја констатирале неговата смрт.
Од првичните информации нема траги на насилство, а телото е предадено за понатамошна постапка. Случајот е пријавен и документиран во СВР Скопје.