Background

Притвор за насилник од Велес за демнење и за продолжено насилство

Насилник од Велес, кој ја тепал и ја демнел жената со која бил во врска, заврши во притвот.

Постапувајќи по кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривичното дело Демнење според член 144-а став 2 во врска и за продолжено кривично дело Насилство, според член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел во последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа, како што велат од Обвинителството, кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.

- Advertisement -
Ad image

„На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан, каде насилно влегувал“, се наведува во соопштението.

Ценејќи ги сите околности, се додава, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија.

Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation