Принцезата Кејт Мидлтон донела одлука дека повеќе нема да се споделуваат информации за тоа што носи на нејзините јавни појавувања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Принцезата Кејт Мидлтон донела одлука дека повеќе нема да се споделуваат информации за тоа што носи на нејзините јавни појавувања, затоа што тоа не е суштински ниту за нејзината титула, ниту за нејзината здравствена состојба.

– Нејзината работа не е облеката и таа разбира дека луѓето се заинтересирани за тоа и таа го почитува тоа, но дали треба секогаш официјално да зборуваме за тоа? Мислам дека не е така. Стилот е тука, но има многу поважни работи од тоа – открил извор близок до палатата за „Сандеј тајмс “.

Досега Кенсингтонската палата во име на Кејт Мидлтон редовно објавуваше што носи на своите појавувања, но со новата година доаѓаат и промени. По битката со сериозната болест таа одлучила да се фокусира на суштински работи и на нејзините главни должности.

Таа на почетокот од годината, после месеци борба со ракот, се врати на своите должности, појавувајќи се низ Велика Британија, поминувајќи време со оние кои, како неа, се борат со оваа болест.

Принцезата од Велс и денеска, на Меѓународниот ден на борба против ракот сподели фотографија во шума, насмеана и со високо кренати раце, со која испрати порака: „Не заборавајте да го негувате сето она што лежи надвор од болеста“.

Share This Article