На патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близина на ресторанот „Саваро“, денеска попладне околу 18 часот се случи сообраќаен инцидент при кој се преврте приколка од камион, информираат од СВР Штип.
Од полицијата велат дека интервенирала увидна екипа која треба да ги утврди причините поради кои приколката се превртела и притоа била значително оштетена.
Како последица на превртувањето, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, сѐ до завршување на увидот и отстранување на приколката со специјализирана дигалка, која е во очекување да пристигне на терен.
Надлежните апелираат на трпение и внимателност кај возачите, особено во делови каде се одвива пренасочен сообраќај.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
