Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Е.Џ. Антони, економист во конзервативниот тинк-тенк фонд „Херитиџ Фаундејшн“, за нов директор на Бирото за статистика на трудот при Министерството за труд. Трамп ја отпушти претходната директорка, Ерика Мекентарфер, претходно овој месец поради извештајот за лошите работни места.
Во своите коментари објавени од фондацијата, тој постојано ги фалеше политиките на Трамп, додека ги критикуваше оние на неговиот претходник, Џо Бајден, според француската новинска агенција АФП.
„Нашата економија е во подем и Е.Џ. Антони ќе се погрижи бројките да бидат фер и точни“, рече Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“. Претходно овој месец, американскиот претседател ја отпушти Ерика Мекентарфер, директорка на Бирото за статистика на трудот при Министерството за труд, поради извештајот за лошите работни места.
Според американскиот претседател, извештајот бил намерно изменет за да прикаже лоши податоци од политички причини, без да обезбеди никакви докази за да ги поткрепи неговите тврдења.
Извештај објавен претходно овој месец покажа дека САД додале само 73.000 нето работни места во јули, при што стапката на невработеност се зголемила од 4,1 процент на 4,2 проценти. Уште пошокантна беше ревизијата дека вработеноста се зголемила за многу помалку во претходните два месеци отколку што првично објави одделот.