Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека наскоро ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и во Турција.
– Не гледам ниту Руси ниту Американци тука – рече Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Тој посочи дека патувањата во ОАЕ и во Саудиска Арабија – посредници меѓу Киев и Москва – ќе бидат поврзани до одреден степен со прашањето за размена на воени заробеници. Потоа, Зеленски во Турција ќе се сретне и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на Украина додаде дека Европа ќе се обедини околу Украина во врска со нејзината сопствена безбедност поради загриженоста меѓу европските влади дека обврските на САД за безбедноста на континентот слабеат.
– Во секој случај, единството на Европа ќе се издигне покрај Украина, за нејзината сопствена одбрана – нагласи Зеленски.