Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија „влезе во изборна година“ и дека единственото прашање е дали покрај парламентарните ќе се одржат и претседателски избори избори.
– Влеговме во изборна година, најдоцна за една година ќе имаме избори – изјави Вучиќ пред новинарите.
Вучиќ рече дека сега останува да се подготват изборите и да се види кој ќе учествува на нив, колку листи ќе учествуваат и кои кандидати.
Вучиќ исто така рече дека, и покрај победата на локалните избори, СНС мора детално да анализира каде можело да се направи повеќе и што треба да се постигне за да се подобрат резултатите.
– Ќе мора да направиме големи и значајни промени – рече Вучиќ.
Тој додаде дека сè уште нема вести од САД во врска со српската нафтена индустрија и дека утре ќе биде организиран „голем состанок“ по овој повод.
Тој рече дека Србија се соочува со тежок период, но дека земјата се подготвила за него.
– Немам никакви вести, не верувам дека ќе има. Тежок период е пред нас, но ние се подготвивме. Имаме голем состанок утре во 11:30 часот, дотогаш треба да ги подготвиме сите потези, па ќе ве информираме што правиме – им рече Вучиќ на новинарите.



























