Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека неговиот прв разговор со новиот премиер на Канада, Марк Карни бил „исклучително продуктивен“.
Трамп наведе дека со Карни „се согласуваат за многу работи“ и дека веднаш по претстојните избори во Канада „ќе се сретнат за да работат на елементи од политиката, бизнисот и сите други фактори, кои на крајот ќе бидат одлични и за САД и за Канада“.
Американскиот претседател на Карни му се обрати со Марк, а не со „гувернер“, како што му се обраќаше на неговиот претходник, Џастин Трудо.
Карни истакна дека разговорите за „новите економски и безбедносни односи“ помеѓу двете соседни земји ќе почнат идниот месец, по парламентарните избори во Канада, што се закажани на 28 април.
Трамп неделава ја интензивираше трговската војна со Канада со најавата за воведување царина од 25 проценти за увоз на автомобили и делови од Канада. Тој претходно воведе царини од 25 проценти на канадскиот челик и алуминиум, а се закани со високи царини за сите канадски производи, како и на производите од сите американски трговски партнери, што би требало да стапат во сила на 2 април.
Канада најави реципрочни мерки. Карни во синоќешниот телефонски разговор со Трамп, повторил дека ќе ги заштити канадските работници и економија.
Карни и Трамп се договориле канадскиот министер за меѓународна трговија Домини Ле Блан и американскиот секретар за трговија Хауард Лутник да ги интензивираат разговорите за решавање на моменталните проблеми.
Карни претходно изјави дека ќе разговара со Трамп, ако тој го почитува суверенитетот на Канада.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
